52-годишна Холанѓанка пронајдена мртва во својот дом во Скопје

0
173

Рано утрово во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.Л.К. (52) од Кралството Холандија, со живеалиште во Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

извор: МВР