„Лидл“ во Македонија ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар

Германскиот голем трговски синџир Лидл ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, дознава Фактор ексклузивно.

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на Лидл во Македонија. Набргу се очекува да се случи и официјалната трансакција, а засега нема информации која е постигнатата сума.

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл С. Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар, објави Фактор.

 

kurir.mk