Во периодот од 16 до 20 март 2023година, спроведена е акција за одземање на бесправно посечена дрвна маса во Шумско стопанската единица Огражден, со која стопанисува Подружницата Малешево од Берово.
Во организираната акција заедно учествуваа: вработените од шумските стопанства во Берово и Виница, припадници на шумска полиција, гранична полиција, како и од Министерство за внатрешни работи.
Во текот на повеќедневната акција, на испомош е користен и дрон, притоа е одземена поголема количина на огревно дрво од 26м3, како и 8,30 м3 техничка дрвна маса. Освен дрвната маса, одземени се и 4 тракторски приколки со кои се превезувала дрвната маса и тие се донесени во складот на Подружница Малешево.