По убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во центарот на Скопје, полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители.
Според извори на Телма, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе.
На крај со пиштол е убиен 46-годишниот маж. Полиција е повикана веднаш, а двајца осомничени се приведени.
-Во полиција е пријавено дека во казиното „Вин Вин“ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите, гласеше првиот одговор од МВР.
telma.com.mk