Владата го назначи Артан Груби за координатор на изградбата на коридорот 8

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација.

Извор: Влада