Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа.
Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата.
Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за битолското здравство, кое утре ќе се соочи и со протест пред ЈЗУ Клиничка болница-Битола закажан за 17 часот.