Ковачевски за работното време од 60 часа неделно: Се работи за законска измена која што се однесува само на ваков стратешки проект од национален интерес

Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Кочани рече дека работното време од 60 часа неделно ќе важи само за работа на стратешките проекти каков што е изградбата на Коридорите 8 и 10д од страна на конзорциумот Бехтел и Енка.

Претходно имаше дилемо во јавноста дали прелдожените измени на Законот за работни односи ќе значи дека работното време наместо 40, да биде 60 часа неделно ќе важи за целиот пазар на труд.

– Овде се работи за законска измена која што се однесува само на ваков стратешки проект од национален интерес . Интенцијата е на доброволна основа, работник кој ќе сака да работи, да му биде платено секој дополнителен час и недела дневница повисока за 50 проценти. Ќе се забрза така изградабата на патот и ќе се намали сумата на вкупното чинење бидејќи автопатот ќе се изгради побрзо, наведе Ковачевски.