Професорот и врвен светски кардиолог се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна. Тоа е врв што најмалку е искачуван досега од планинари. Годишно во просек на Анапурна одат 70-80 врвни професионални алпинисти и од нив успеваат само еден до двајца да ја искачат Анапурна!
Ова е прва експедиција во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.
Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.
View this post on Instagram
Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.
фото: instagram imaginenepal