Македонскиот Олимписки Комитет го суспендираше голманот на Вардар, Борко Ристовски на четири години поради искажани навреди кон претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Ристовски во гостување на телевизиска емисија во својство на претставник на политичка партија го навредувал и изнесувал невистини за првиот човек на МОК. Димевски во месец март го пријавил случајот , а Дисциплинската комисија при МОК му изрече суспензија од 4 години на Ристовски поради прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник и го нарушил угледот на целата спортска фела и спортски организации.
За отежнителна околност во санкцијата, Дисциплинската комисија го земала и фактот дека Ристовски не покажал жалење за изјавите и јавно не се извинил. Голманот на Вардар има рок од 8 дена да се жали на одлуката.
Тој најави дека во среда ќе организира прес-конференција на која ќе ја информира јавноста за целиот случај.