Изложен списокот на 5.800 српски деца кои Дијана Будисављевиќ ги спасила од логорите на смртта

По многу години контроверзии пронајден е „српскиот Шиндлеров список“ кој открива имиња на децата кои биле спасени од нацистичките логори на смртта Градишка и Јасеновац во некогашната Независна Држава Хрватска (НДХ) за време на Втората светска војна. Се работи за список од 5.800 деца, претежно од српска националност, разделени од нивните мајки, кои ги спасила една жена со австриско потекло – Дијана Будисављевиќ, покренувајќи ја најголемата ваква спасувачка акција во Југославија, објави plusinfo.mk.

Сега, по осум децении, Музејот на жртвите на геноцидот во Белград, Србија, конечно го потврди автентичниот документ. Списокот десетина дена ќе биде изложен во музејот, пишуваат српските медиуми.

– Автентичноста е утврдена врз основа на вештачењето извршено од Музејот на жртвите на геноцидот. Списокот ги содржи името и презимето на детето, проценетата возраст, името на таткото и на мајката, датумот и хрватскиот камп од кој е спасено, како и целосни информации за хрватското семејство на кое детето му е дадено на посвојување или на згрижувачки статус – изјави директорот на музејот, Дејан Ристиќ.

Еден начин да се докаже автентичноста е и фактот што бројките се поклопуваат со пописите од тоа време.

– Тоа е докажано и нема дилема – потенцира директорот Ристиќ.

Никогаш нема да откриеме кој ни го даде списокот

Музејот никогаш нема да открие кој го дал списокот од повеќе професионални и безбедносни причини, објасни Ристиќ за новинарите, но додаде дека списокот не бил пронајден во Србија. На прашањето дали Хрватска ќе реагира на ова, тој вели дека би било многу несериозно од нејзина страна. Според него, документот „не бил во јавна сопственост и државата од која дошла нема право да го бара“.

Но, списокот кој бил изгубен во 1942 година има информации само за дел од децата. Дијана Будисављевиќ спасила меѓу 10 000 и 12 000 деца, а според еден извор дури 15 336 деца. Посетувајќи ги камповите се заразила со тифус. Доживеала три нервни слома. Ризикувала многу. Во нејзините спасувачки акции 3 254 деца починале исцрпени од тортура, глад и од болести.

Најинтересното? Таа била хуманитарка од австриско потекло. Се родила во градот Инсбрук како Дајана Обексер. Била мажена сзадокторот Јулиле Будисављевиќ, Србин, кој се школувал во Австрија и оперирал во градот. Во 1919 година бил назначен за професор во Загреб, па така се преселиле таму.

Споменик во Градишка и парк во Белград го носат името на Дијана.

Текстот во целост на: plusinfo.mk