Човекот за кој Ohrid1.com попладнево објави дека почна да спие во кружниот тек на кружниот тек на Булевар Туристичка и улицата Абас Емин околу 19 часот го прегазил автомобил.
Како што објави порталот човекот имал повреди на главата и нозете. Интервенирала и Брза помош но нема информации за неговата состојба и дали преживеал.
Овој човек неколку години спиеше на разни локации во градот, медиумите постојанои објавуваа информации дека лицето живее како бездомник, дека најверојатно е со нарушено ментално здравје и дека му е потребна помош од соодветните надлежни институции, но до прегазувањето и доаѓањето на брзата помош ни една институција не реагира и не превзеде нешто да се помогне на ова лице, на кое толку многу му требаше адекватна и стручна помош.
извор: Охрид1