Денеска во просториите на Kasarna HUB се одржа дискусија и пренесување на знаење за унапредување на работењето на јавните сервиси под водство на Bundesverband Deutscher Unternehmensberatungen BDU e.V. и од Professional Association of Public Sector Consultants од Република Германија.
Имав чест да ги поздравам присутните и да учествувам во дискусијата. Гости на овој настан беа Kai Haake, извршен директор на асоцијацијата, Michael Hofnagel, поранешен градоначалник на Таунусштајн, Lucia Wright, од паметни градови, Christian Leier, дигитални стратегии, Christina Plotz, услуги за споделување и на барање,, Johannes Brüning, регионални транспортни тарифи.
Во дискустијата се разговараше за помеѓуопштинска соработка, дигитализација, урбана мобилност и добро владеење и деловна етика. Занчајно е тоа што на овие теми свои искуства и идеи споделија врвните експерти од Германија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков