Ново видео по падот на дел од зграда во Загреб

Ново видео од хаосот се појави на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ веднаш откако дел од зградата на Музејот на уметности и занаетчиство и скелето што се наоѓаше на него се урна на улицата Клаиќева во центарот на Загреб.

„О, Боже“, се слуша, меѓу другото, на почетокот на снимката, на која се гледа како службите за брза помош биле на терен веднаш по падот.

Во вториот дел од видеото можете да видите како противпожарните возила брзаат и пристигнуваат на местото на настанот со сирени.

Може да се забележи и голем облак од прашина.

 

Да потсетиме, околу 12:30 часот се урна скелето и дел од зградата на аголот на Клаиќева и Трг Хрватска Република. За среќа, никој не е повреден, но оштетени се неколку автомобили. Заменик-градоначалникот Лука Корлает потврди дека се откинал дел од зградата, а не само скелето, како што се наведуваат првите информации.

 

index.hr