МАРнет: Не вршиме регистрација на домени, освен за .gov.mk доменот

Во врска со текстот објавен на Вашата интернет страница, Ви го испраќаме официјалниот коментар/ реакција на МАРнет:
———-
Низ минатите години во повеќе наврати е соопштено и објавено во медиумите дека од 01 Април 2014 година МАРнет НЕ ВРШИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕНИ, ОСВЕН ЗА .gov.mk ДОМЕНОТ.
Согласно европските директиви за либерализација на пазарот и трендовите во светот за работа со национални домени, од 1 Април 2014 година, согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .MK домен и врвниот македонски .MKД домен, МАРнет НЕ ВРШИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕНИОСВЕН ЗА .gov.mk ДОМЕНОТ, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари. Меѓусебните права и обврски на МАРнет и регистрарите се регулирани односно утврдени со договор согласно закон.
Регистрарите имаат целосно право самостојно да извршат регистрација на домените кои се слободни (нерегистрирани) во моментот на регистрацијата. Регистрацијата на домените Регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет.
Дополнително, МАРнет обезбедува информации за регистрантите на домените со објавување на истите во јавниот регистар на домени, објавен на Интернет страницата на МАРнет и јавно достапен до сите заинтересирани лица ( Who is).
Мисијата на МАРнет е обезбедување на услуги на национално и меѓународно вмрежување на Македонската академска истражувачка и образовна заедница.
———-
извор: МАРнет