Тепачка меѓу ученици во основно училиште во Тетово.
Според СВР Тетово, прво 45-годишниот тетовец А.Р. вчера околу 13 часот пријавил дека околу пладне во дворот на тетовско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од друг ученик од истото училиште, а поради поранешни недоразбирања меѓу
нивните семејства.
Истовремено, 53-годишната С.Р. од Тетово пријавила дека нејзиниот пријавен син бил физички нападнат од двајца малолетници-ученици во училиштето.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
republika.mk