Отворена спомен соба за Шестата македонска Ударна бригада

Во рамки на обележувањето на Денот на безбедноста, на пригодна свеченост беше отворна и Спомен собата за Шестата македонска ударна бригада. Собата се отвори на иницијатива на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца.

Заменик градоначалникот, Перчо Божиновски, на отворањето ги поздрави присутните и порача дека денешницата повеќе од кога и да било претходно општата безбедност е ставена на испит.

– Несмееме да си дозволиме поради неискуството или запоставувањето таа да ни го положи испитот. Голема благодарност до Здружението на ветерани кои своето стекнато големо искуство се желни д аго пренесат и на помладите генерации со една единствена цел сите ние да имаме безбедна средина за живеење. Исто така, сакам да се заблагодарам од името на Општина Охрид завашиот придонес во изработката на Спомен собата. Ваквите манифестации се значајни и пред за да ни бидат патоказ кон подобра иднина, рече заминк градоначалникот.

Претседателот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија, Добре Велјаноски потенцира дека оваа соба повторно се враќа на своето место.