Вчера во 16.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, Б.А.(41) од Струга, управувајќи мотоцикл „ктм“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
„Во несреќата, Б.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гостивар“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
mkd.mk