Бугарскиот тајкун Милан Врабевски, кој за македонските Бугари важи за филантроп и мецена, дал десет пати повеќе парични средства од претседателот Стево Пендаровски за патување и примање на наградата на ученичката Валерија Костовска од ликовното студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола во Троа, Франција, пишува Република повикувајќи се на порталот Трибуна.
Патувањето, што ќе се одржи меѓу 30 мај и 4 јуни, ќе биде финансирано од две лични донации. Претседателот Стево Пендаровски донирал 600 евра, додека д-р Милен Врабевски, прв човек на фондацијата „Бугарска памет“, донирал 6.000 евра.
Милан Врабевски беше еден од четворицата сопатници на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на кои на 6 мај им беше забранет влез во Република Македонија, со образложение на македонското МВР дека бил потенцијален прекршител на јавниот ред и мир.
plusinfo.mk