(ФОТО) Никола од Тетово ја запроси својата девојка крстарејќи на крузер

„Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Италија, Шпанија и Франција. Крузеров е магичен, воодушевувачки е секој дел во него и искрено пресреќна сум што запросувањето се случи токму тука, на мојот омилен датум 9-ти мај, по 9 години врска“, вели Ивона (25) од Тетово, а пренесува Crnobelo.mk

Ивона (25) од Тетово, дизајнер за внатрешно уредување и основач на Iv.s.arts брендот за уметнички слики, беше запросена од страна на својот сакан Никола (27), исто така од Тетово, по професија дизајнер на игри.

Никола ја запроси по 9 и пол години врска за време на нивното крстарење со крузер.

„Во врска сме 9 и пол години, 9-ти ни е омилен датум, бидејќи на 9-ти јануари 2015-та ја започнавме нашата врска, а сега на 9-ти мај се случи најубавиот ден за двајцата.

Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Италија, Шпанија и Франција.

Крузеров е магичен, воодушевувачки е секој дел во него и искрено пресреќна сум што запросувањето се случи токму тука, бидејќи е навистина незаборавно искуство, а ова ќе го помниме како едно од нашите најубави заеднички патувања, дефинитивно“.

 

 

crnobelo.mk