ЦИА со видео покана до Русите да станат шпиони

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги повикува Русите да ѝ достават разузнавачки информации за нивната земја преку видео на „Телеграм“ наменето за оние што не се задоволни од политиката на рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат медиумите во светот.

Видеото, објавено во понеделникот, сугерира дека Русите може да дејствуваат за да ги подобрат работите со обезбедување разузнавачки информации за ЦИА.

„ЦИА сака да ја знае вистината за Русија, а ние бараме сигурни луѓе, кои може да ни ја кажат таа вистина“. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите“, се вели во видеото, според написите во медиумите.

Американската агенција соопшти дека се надева дека ќе воспостави контакт со луѓе што работат во разузнавањето, дипломатијата, науката и технологијата додавајќи дека е заинтересирана за сите видови разузнавање, вклучително и политичко и економско.

Агенцијата се надева дека ќе ги убеди оние што се колебаат, според медиумите во светот.

24sata.hr