Инцидент во училиште во Загреб:Три ученички повредени од излевање на сулфурна киселина

Три ученички се повредени денеска кога во училиште во Загреб било истурено мало количество сулфурна киселина, јавува хрватскиот портал 24сата.

Наводно им била згрижена и укажана лекарска помош.

„Студентот го испуштил шишето и тоа се истурило. Дојде брза помош и тоа е се што знаеме засега“, потврдил градоначалникот Томислав Томашевиќ, пренесува Zagreb.info.

Во училиштето пристигнала фирма задолжена за отстранување на хемискиот отпад.

извор: Zagreb.info.