(Вознемирувачко видео) Во Босна гол маж, пијан легнал на улица и „пливал“ во вирче вода

 

Жителите на Градишка во Босна и Херцеговина (БиХ) беа запрепастени затоа што гол маж легнал на улица и „пливал“ во локва.

 

Полицијата соопшти дека мажот од Градишка чии иницијали се Н. В. е уапсен откако легнал на коловозната лента, пишува „Српскаинфо“. Нивото на алкохол во крвта му било 1,42 промили. Во полиција вчера во 17 часот и 30 минути е пријавено дека на улицата „Видовданска“ во Градишка, непознат маж лежи гол на улица.

 

„Уапсениот, кој се сомничи дека го нарушил јавниот ред и мир и се движел под дејство на алкохол на улица, ќе биде изведен пред Основниот суд Градишка за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението.

 

Снимката од голиот маж како трча по главната улица во Градишка брзо се прошири на социјалните мрежи. Видеото има над 2.400 прегледи.

 

faktor.mk