Синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.А.(33) од с.Грчец, скопско, пријавила дека била нападната од две женски лица поради сообраќајна расправија.
Имено според полицијата жената пријавила дека околу 16.45 часот на крстосница на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија во сообраќајот, била физички нападната од две женски лица.
Надлежните соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.