Еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затвор вели дека се ослободители на албанскиот народ во Македонија

Фатмир Речица

, еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затворот „Идризово“ даде изјава за косовска телевизија.

Речица кажа дека тој и неговите соборци биле ослободители на албанскиот народ во Македонија.

-Ние сме ослободители и херои за Албанците во Македонија. Дојдовме со желба за национално единство, кажа Речица.

Toj кажа дека имале поддршка од Косово, но ќе ги откри имињата кога ќе дојде време.

-За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Ќе дојде ден кога ќе ги кажеме по име и презиме, кој ни даде поддршка, вели тој.

извор: Република