МВР информира дека синоќа во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с. Лакавица – Штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга.
Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица.
Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР