Турскиот „музеј на мраз“ Ата во источната област Ерзурум, еден од најважните центри на зимски туризам во земјата, во текот на цела година го посетуваат локални и странски туристи што уживаат во скулптури од мраз на минус пет степени Целзиусови, јавува Анадолу.
Музејот, единствен од ваков вид во Туркије, е основан во соработка со Универзитетот Ататурк и Агенцијата за развој за североисточна Анадолија (КУДАКА).
Отворен е во 2020 година на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Ататурк во Ерзурум, еден од градовите каде што зимската сезона е сурова.
Музејот, кој содржи скулптури од мраз осветлени со специјални системи, ги носи посетителите облечени во капути, поради студот, на патување низ скулптурите.
Од неговото отворање досега го посетиле 100.000 луѓе.
Мустафа Булат, декан на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Ататурк, рече дека музејот е отворен за посетители во 2020 година со скулптури од мраз, самостојни и групни изложби.
„Од мраз правиме уметнички дела. Ерзурум е центар на зимскиот туризам. Температурата во музејот е минус пет степени Целзиусови и во лето и во зима“, рече Булат.
Како што рече, музејот најмногу им се допаѓа на посетителите од Украина, Азербејџан и Европа.
„Илјадници луѓе доаѓаат од сите делови на Туркије“, додаде Булат.
Извор: Анадолу.
фото: İlhami Erkılıç/АА Анадолу.