На Карибите ајкула ја одгризала ногата на 22-годишна девојка додека нуркала

Ајкула нападна 22-годишна жена од Конектикат додека таа нуркала со пријател на туристичките острови Туркс и Каикос. Инцидентот се случил во 15 часот по локално време, според полицијата, пишува CNN.

Вработен во одморалиштето повикал брза помош и рекол дека на жртвата и недостасувал екстремитет по нападот.

Повредената е пренесена во болница во тешка состојба.

Нападот се случи во чисти и мирни води и беше наречен неиспровоциран и случаен, соопшти Big Blue Collective, компанија за еко-авантура и спортови на вода на островите Туркс и Каикос.

Жртвата и нејзината пријателка биле на приватна екскурзија на приватен брод кој не е поврзан со една од екскурзиите на Биг Блу Колектив во моментот на нападот од осомничена карипска гребена ајкула, се додава во соопштението.

фото: Архива