Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск е примен во болница, а како што соопшти Ватикан, на папата ќе му биде извршена операција.
Станува збор за операција на цревата.
Како што наведоа, папата ќе биде опериран под тотална анестезија и ќе остане во болница неколку дена.
Веста за операцијата дојде еден ден откако папата беше подложен на тестови во болница во Рим.
фото: Архива