Почина горилата Коко која го совлада знаковниот јазик и сакаше мачиња

Коко, саканата горила која е родена во зоолошката градина во Сан Франциско во 1971 година и стана позната по својата способност да комуницира на знаковен јазик, починала во сон во вторникот наутро, објави Фондацијата Горила. Таа имаше 46 години, пишува reshareworthy

 

„Фондацијата „Горила“ со тага објави дека почина нашата сакана Коко“, соопшти истражувачкиот центар, известувајќи го светот за смртта на горилата што воодушеви милиони со својот Јазичен капацитет.

Коко имаше уникатна способност да се поврзе со луѓето. Таа запознала многу луѓе и нејзината интеракција со нив длабоко ги трогна. Таа на многу начини беше амбасадор на горилата, покажувајќи колку се интелигентни и приврзани животните и колку имаат заедничко со луѓето. Робин Вилијамс еднаш имаше среќен разговор со неа.

Западната низинска горила била позната и по љубовта кон мачињата.

Зад себе остава трајно наследство. „Нејзиното влијание беше длабоко и она што нè научи за емоционалниот капацитет на горилата и нивните когнитивни способности ќе продолжи да го обликува светот“, велат од Фондацијата Горила.

 

 

Izvor: reshareworthy.com