ЈО и МВР молчат дали Сашо Тасевски влијаел на случајот каде се тепани припадници на ЕБР, зошто едно лице кое се јавува во записникот го нема и во билтен, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Во соопштението тие додаваат:
ЈО и МВР требаше да отворат истраги, дали се вистинити информациите дека едно од 4 лица кои учествувале во инцидент каде е тепан припадник на ЕБР е син на Сашо Тасевски? Дали тој лично ургирал, истото тоа лице, кое иако е запишано во записник да не биде наведено во билтен?
Зошто настанот кој се случил околу 1 часот по полноќ, е заведен во билтен во 06.30? Дали во тој период Тасевски вршел притисоци?
Сашо Тасевски не може да избега од одговори. МВР да отвори внатрешна истрага, а ЈО да отвори случај.
Недозволиво е припадници на ЕБР да бидат тепани, а истрагата за тоа да се спроведува крајно сомнително и со индиции на прикривање на учесници.
извор: ВМРО ДПМНЕ