Страшна несреќа во Австралија: Автобус полн со свадбени гости се превртел додека се враќал од свадба, најмалку десет мртви

Image: 264708650, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: jason freeman / Alamy / Alamy / Profimedia

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 20 се во болница откако автобус со свадбени гости се урна во долината Хантер, Нов Јужен Велс, Австралија.

Како што е соопштено, истрагата на полицијата се уште е во тек, бидејќи се уште не се познати околностите кои довеле до оваа страшна несреќа. Возачот на автобусот, 58-годишен маж, е уапсен.

Си-Ен-Ен објави дека гостите се враќале од венчавка која се одржала во винаријата, а до несреќата најверојатно дошло кога автобусот се превртел додека се вртел на кружен тек.

 

nova.rs