Ковачевски и СДС се очајно штом мораат безочно да лажат и да расфрлаат пердуви на темата уставни измени. Тоа што СДС и Ковачевски имаат потреба да ги модификуваат и манипулираат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, говори дека им гори под нозете и немаат 2/3 мнозинство за уставни измени.
Но одбрале погрешен начин. Откако ја доведоа Македонија во ќорсокак и во подредена состојба во односите на Бугарија, најмалку што можеа беше да ја прифатат понудената рака на ВМРО-ДПМНЕ која им овозможуваше продолжување на евроинтеграциите и заштита на националните и државните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ им понуди два конкретни предлози и СДС на тоа треба да даде конкретен одговор дали ги прифаќа или не.
Заобиколувањето на одговорите и манипулациите од кујната на СДС покажуваат дека тие се спремни на нови отстапки кон Бугарија кои планираат да ги спроведат во текот на преговорите. Ковачевски со своите лаги за уставните измени, покажа дека не се грижи за националните и државните интереси на Македонија, туку ја зазема страната на Бугарија и ги штити бугарските интерес.
Се разоткрија во целост нивните намери. Ним не им е битна иднината на Македонија и заштитениот идентитет, битна им е фотелјата и тендер криминалите со кои се богатат, па макар тоа значело и целосно срозување на македонскиот идентитет.
извор: ВМРО ДПМНЕ