Во вселената откриена аминокиселината триптофан, која е еден од есенцијалните протеини за живот

Во Молекуларниот комплекс „Персеус“ во вселената е откриена аминокиселина триптофан, која е еден од есенцијалните протеини за живот, пренесува Анадолу.

Според веста на „The Royal Astronomical Society“, д-р Сузана Иглесијас-Грот од „Instituto de Astrofisica de Canarias“ со седиште во Шпанија, во истражувањето го употребила вселенскиот инфрацрвен телескоп „Spitzer“ поради што триптофанот јасно покажува спектрални линии под инфрацрвените зраци.

По истражувањето, триптофанот, кој е еден од 20-те аминокиселини потребни за формирање на есенцијалните протеини во Земјата, е откриен во Молекуларниот комплекс „Персеус“ во вселената.

Триптофанот во голема мера е откриен во ѕвездениот систем „IC348“, кој е зона каде се формираат ѕвезди и се наоѓа на околу 1.000 светлосни години од Земјата.

Во истражувањето, кое тврди дека емисионите линии поврзани со триптофан може да бидат присутни и во други зони каде се формираат ѕвезди, се вели дека овие емисиони линии се исто така вообичаени во гасот и прашината каде што се формираат ѕвездите и планетите.

Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.