(Видео) Изгоре автобус кај Крушевац, среќа патниците успеале навреме да излезат од возилото

Автобусот на компанијата „Југопревоз“, кој сообраќа во приградски сообраќај, денеска, околу 15 часот, целосно изгорел во близина на селото Мајдево кај Крушевац, јавува Инстаграм страната 192_rs.

Сите патници и возачот успеале безбедно да излезат од автобусот пред тој да се претвори во оган.

Пожарникарите излегле на терен и успеале да го изгаснат пожарот, но автобусот бил целосно уништен.

Причината за пожарот не е позната.

Видеото на овој линк