Нема лекарска грешка во случајот на малата Јана Христовска. Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана, објави Телма.
„Се знаеше дека и обдукцијата ќе биди иста како што се изјасни и ДСЗ, така и Судска медицина. Јана почина од срцев удар поради тешка пневмонија која го воспалила срцевиот мускул. Како тоа се случи во еден час кога однесовме девојчето? – Пишува дека има вируси, но нема кој вирус е присутен за да дојди до толку тешка бронхопневмонија. Ја однесовме свесно и на нозе, а како мое да дојде до смрт и срцев удар после примената инфузија“, се прашува Кристина Христовска, мајката на Јана.
Адвокатот на семејството денеска до Обвинителството доставил барање за вештачење на компјутерот во Битолската болница каде е евидентиран целиот третман на малата Јана од приемот до нејзината смрт, затоа што има различни изјави за времето кога точно почина Јана Христовска.
Текстот во целост на: Телма.