Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се’ повеќе.
Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда. Ок, напиша на својот фб профил Драган Ковачки.
Во продлжение ја пренесуваме објавата во целост:
Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?
Зарем на земјиште (нива) без изграден објект – хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?
Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.
*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.
Еве ја сметката, јавен интерес е, нека види јавноста па нека демантира почитуваната.
извор: ФБ Драган Ковачки