Во Перу откриена мумија стара над 3.000 години

Археолозите открија добро зачувана машка мумија во гробница од камен во текот на ископувањата во подрачјето на Римак во Лима, Перу, јавува Анадолу.

Мумијата била замотана во локално произведен памук, а покрај неа биле пронајдени различни предмети, како ѓердани, пченка и семиња. Се проценува дека овие артефакти се стари над 3.000 години.

Мумијата е откриена за време на активностите за обновување и презервација што се изведуваат на археолошкиот локалитет Хуака Ла Флорида од страна на Општина Римак во соработка со Националниот универзитет на Сан Маркос.

Археолозите добија дозвола од Министерството за култура на Перу да продолжат со ископувањата и дополнително да го истражат историскиот локалитет кој е признат како светско културно наследство.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.