Работник на меѓународниот аеродром Сан Антонио во Тексас почина откако беше вовлечен во млазен мотор на Ербас.
Екипите за итни случаи пристигнаа на пистата нешто пред 22.30 часот по дојавата дека моторот на авионот кој штотуку слетал вовлече работник.
„Делта летот 1111 патуваше до капијата со еден мотор, а работникот беше вовлечен во тој мотор во 22:25 часот“, се вели во соопштението на НТСБ.
Еден патник за локалните медиуми изјавил дека моторот бил покриен со голема церада по трагедијата.
Работникот, кој не можеше веднаш да се идентификува, бил вработен во компанија која обезбедува копнени услуги на авиокомпании.
– Длабоко сме тажни поради загубата на нашиот вработен на меѓународниот аеродром „Сан Антонио“. Нашите срца се со семејството на починатиот и остануваме фокусирани на поддршката на нашите вработени на терен – соопшти Унифи авијација, додавајќи дека нејзината првична истрага не може да ја поврзе трагедијата со ниту една од процедурите за оперативна безбедност.
a1on.mk