Дете на 13 годишна возраст денеска било искасано од глутница бездомни кучиња, а поради здобиените повреди задржано е на лекување во битолската болница.
За случајот информираше и битолскиот градоначалник, Тони Коњановски, кој за инцидентот вината ја гледа во долгогодишното непостапување од страна на институциите.
Родителите на детето информираат дека 13 годишникот е во стабилна здравствена состојба.
Во Битола зачестија нападите од бездомни кучиња изминатиот период, а градските власти информираат дека решение за проблемот гледаат во изградбата на прифатилиштето за бездомни животни.
Велат дека градежните активности се во првата фаза, а наскоро тоа треба да добие и дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство.
telma .mk