Цените на нафтата денес се зголемија по објавувањето на американските податоци дека залихите на сурова нафта се драстично намалени, што укажува на подобрување на ситуацијата со побарувачката во земјата, јавува Анадолу.
Меѓународната референтна цена на нафтата од типот „Брент“ се тргуваше по цена од 72,73 долари за барел, што е за 0,30 отсто повеќе во однос на цената на затворањето од 72,51 долар за барел на претходното тргување вчера.
Американскиот референтен индекс „West Texas Intermediate“ (WTI) се тргуваше по цена од 68,02 долари за барел, што е за 0,47 отсто повеќе во однос на претходното тргување од 67,70 долари за барел.
Цените почнаа да растат кога Американскиот институт за нафта објави проценето намалување на залихите на сурова нафта во САД за 2,4 милиони барели, повеќе од пазарните очекувања од 1,4 милиони барели.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.