Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите, вели пратеникот Драган Ковачки и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прашање за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц која беше пренесена дека вели „гарантирам дека нема да има нови условувања за пристапните преговори на државата“, истакна Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања, рече Ковачки.
Но, исто така, додаде Ковачки, искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и се уште е во чекалницата на Европската унија.
Ќе ве потсетам на изјавите и тапшањата по рамо уште пред договорот во Нивици, после кој што Македонија практично не доби ништо и се уште сме во чекалницата на Европската унија, заклучи Ковачки.
извор: ВМРО ДПМНЕ