Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени

Министерот за правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил се пофали со својот извод од матичната книга на родени, издаден на 27 месецов, според новите правила – двојазичен.

На крајот на минатиот месец министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот.

Извор: Република