Пукање на аеродромот во Молдавија, двајца мртви

На АЕРОДРОМОТ во Кишињев се случи пукање во кое загинаа две лица, соопшти молдавското МВР.

 

Пријавено е дека напаѓачот бил странски државјанин на кој не му било дозволено да влезе во Молдавија, пренесува Sky News. Руската новинска агенција РИА јави дека напаѓачот бил ранет при апсењето.

 

„Во овој момент опасноста е отстранета. Напаѓачот е ранет и му е укажана лекарска помош“, објави полицијата на Фејсбук. Летовите беа одложени, но полицијата соопшти дека тие ќе продолжат наскоро.

Според неофицијални информации, кои властите не ги коментираа, напаѓачот е руски државјанин. Порталот Пулсмедиа пишува дека се работи за член на платениците на Вагнер. Исто така, истите медиуми јавуваат дека маж зел заложници на аеродромот на главниот град на Молдавија.

 

 

index.hr