Големо невреме во Скопје

Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од денес попладне  ќе биде променливо облачно, нестабилно со врнежи, грмежи и силен ветар.
И утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

nezavisen.mk