Момчето од тиктокерката брутално ја икасапил, наредена е обдукција

Насилен алкохоличар кој одел на штаки поради претходна сообраќајна несреќа било момчето на тиктокерката Ноа Миливојев(18) кое брутално ја искасапило. Извесниот О.Д.(33) во притвор го признал делото. Мајката на девојката, Боба Миливојев открила и дека тие многу се сакале. Нивната врска била емотивна.

Според неименуван извор од истрагата О.Д користел и наркотици, пренесуваат српските медиуми.

– Пред неколку години имаше сообраќајна несреќа, во која му беа повредени нозете. Никогаш не се опорави целосно. Мускулите на нозете му атрофираа, поради што мораше да оди со помош на патерици – изјавил изворот.

Роднините на Ноа за српски Телеграф изјавиле:

– Беше заљубена во него, а тој ја претепа и ја навлече на секакви дроги. Ја користел кога му требало, па ја „шутнал“ надвор. Потоа таа се врати овде. Штом ја повика, таа ги спакувала работите и се упатила кај него. Кога ја упропасти, тогаш тој ја отфрли.

Сестрата и тетките на убиената Ноа, како и соседите дале изјави во полицијата.

– Често се расправаа, а во средината на јуни во станот дојде полиција поради бучавата. Еднаш ја слушнавме како вика и се заканува и бара типот да ѝ ги даде работите. Не долго потоа го видовме како вади женски работи од станот – велат соседите.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека О.Д ја убил Ноа веднаш по таа тепачка во средината на јуни. Тој наводно ѝ го распарчил телото, го спакувал во кутии, го полил со киселина и го оставил во бањата.

Мотивот за убиството најверојатно е љубомора.

Безживотно тело, кое било искасапено до непрепознатливост, било пронајдено во стан на улица „Цар Лазар“ 11 А, а осомничениот за делото веднаш бил приведен и сѐ ѝ признал на полицијата.

Ноа последен пат ги контактирала родителите во саботата на 17-ти јуни кога наводно заминала кај своето момче во Белград. Оттогаш ѝ се губи секаква трага, а семејството било многу загрижено бидејќи немале поим каде може да биде.

Во моментот на исчезнувањето таа носела розов фустан, црни патики, бел ранец и препознатливи розови плетенки. Во изјавите за медиумите нејзината мајка рекла дека ќе умре од болки.

На вечерашниот собир во чест на убиената Ноа пред споменикот на кнез Михајло во центарот на Белград, момче ненадејно влета, ги растури свеќи и цвеќиња и го искина знамето на ЛГБТ кое беше поставено пред да си замине од местото. Тоа предизвика неверување меѓу присутните на собирот.

Познато е дека Ноа беше трансродова личност, една од причините поради која знамето со виножито било истакнато на собирот.

 

 

plusinfo.mk