Знаете ли дека во Пустец Мала Преспа има катамаран и глисер за уживање во пловидба по водите на Преспанско Езеро ?!
Албанија овој предел го прогласи за Национален Парк и Мала Преспа станува се попозната и посетувана дестинација кај странците, пред се т.н “травелери” љубители на недопрена природа. Селото Зрновско кое е веднаш до Пустец има неколку ресторани каде се служи одлична храна, а може са јадете и специјалитети од диво месо.
Сега со катамаран или глисер туристите може да стигнат и до познатата пештерска цеква Света Богородица која се наоѓа на островот во езерото ( на територијата на Албанија има помал остров ).
Посетете ја Мала Преспа во Албанија ова лето и уживајте во прекрасната природа, гостопримството и одличната храна.
Прекрасната природа на Мала Преспа снимена со дрон.
Повеќе за туристичката понуда на Преспа Парк прочитајте на : https://patuvanja.mk/archives/1026