Доцна попладнево се случи бунт во затворот во Битола.
Според првичните информации запалена е затворска келија, а интервенирала и пожарна. Затворот е без струја.
Што се причините за бунтот, засега не е познато. Нема информација за евентуални повредени.
Сите извештаи на меѓународни институции укажуваат во континуитет за лошите затворски услови во државата.