Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско, објави Република.
Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.
Во образоложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.
За да биде иронијата поголема оваа декларација ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков.
Тој важи за голем пријател на премиерот Димитар Ковачевски.Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.