Приведен криумчар од кумановско, пронајдени шест мигранти од Сирија

0
148

На 23.07.2023 во 13.50 часот на влезот од с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МВР