Кибернапади врз министерствата во Норвешка

Владата на Норвешка соопшти дека е извршен кибернапад врз 12 министерства во земјата, јавува Анадолу.

Од норвешката Влада е наведено дека 12 министерства, кои биле изложени на кибернапади, поради преземените безбедносни мерки немале пристап до електронската пошта ниту други мобилни сервиси.

Сигбјорн Ѓелсвик, министер за локална самоуправа и регионален развој, рече дека тие „сериозно ги сфаќаат кибернападите“.

Ѓелсвик изјави дека Единицата за безбедност и услуги (ДСС) на Владата на Норвешка будно ја следи ситуацијата и презема мерки.

Претседателот на ДСС, Ерик Хоуп, рече дека „премногу е рано да се зборува за тоа кој стои зад нападот и за неговиот обем“.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.